ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ССК: Кризата е предизвик, нова шанса и можност за развој

174

Треба да се инвестира во развој на претприемништвото бидејќи тоа ќе да придонесе во развој на економијата и ќе креира решенија за надминување на предизвиците со кои се соочуваме меѓу кои и актуелните поврзани со енергетската криза. Ова е заклучокот од дискусијата во рамки на седмата Меѓународна научна конференција со тематски фокус „Академиски и менаџерски предизвици, остварувања и научени лекции од земјите во транзиција кон пазарно стопанство“ што се одржа во Битола во организација на Бизнис Академија Смилевски и БАС Институтот за менаџмент Битола. Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија Трајан Ангелоски во дискусијата на настанот „Менаџерски муабети 5“ истакна:

„Процесот на создавање на претприемничка култура е започнат но се уште недостасува временски период за да се достигне посакуваното ниво. Македонските менаџери имаат мало или скромно интернационално искуство што негативно влијае врз нивниот професионален развој и раст, споредено со нивните колеги во странство. За развој на претприемништвото и подигнување на неговото ниво неопходно е да се посвети поголеми внимание на воспоставување на интернационални релации“, истакна Ангелоски.

Најважно е што претприемништвото претставува склоп од две карактеристики, поседување на лични квалитети и стекнување на соодветни вештини.

„Важно е да се препознае потенцијалот на овие луѓе кои поседуваат лични карактеристики важни за развој на претприемништвото и да се насочат и охрабрат да стекнат и потребни вештини и да зачекорат по патот кон развој на сопствен бизнис. Сојузот тука игра важна улога од една страна преку промоција на успешни примери кои треба да охрабрат и да поттикнат нови претприемачи, и од друга како техничка поддршка, поврзување и вмрежување на домашниот и меѓународниот пазар“, потенцираше Ангелоски.

Вo дискусијата тој се осврна и на важноста на инвестициите во обновливи извори на енергија, енергетски менаџмент и производство на храна како важни предуслови на полесно надминување на актуелната криза со глобални димензии.

„Овие три аспекти се најважни за намалување на последиците и полесно понатамошно заздравување на економијата и општеството во целина. Затоа и мерките и политики кои Сојузот ги препознава како најсоодветни се поврзани со инвестиции во енергетиката, храната, соодветното менаџирање. Сојузот како активен чинител во креирање на политики во континуитет  доставуваат предлози и мерки до надлежните институции. Излезот од кризата треба да го бараме во нови инвестиции, осовременување, иновации и се тоа гледано низ призмата на претприемништвото кое во некој нов проблем, гледа нова шанса и можност“, порача Ангелоски.

Со претседателот на Сојузот дебатираа и Наташа Несторовска, член на Управен одбор на АД Стопанска банка Битола, Христина Фуна сосопственик и финансиски менаџер на Синпекс Битола и Благоја Стојчевски, сосопственик и менаџер на Тримод Тим ДОО.

Оваа години како соорганизатори на Меѓународната конференција се и Факултетот за бизнис студии и право и Факултетот за информатички технологии и инженеринг, двата во состав на Универзитетот Унион Никола Тесла од Белград, Универзитетот Милтон Фридман од Будимпешта, Унгарија, МНД Битола, Albanian University од Тирана и Белградската академија бизниси уметнички стручни студии.

За дводневната конференција беа презентирани 44 трудови, од кои 3 во пленарниот дел од останатите 41 труд во 4 тематски форуми, кои опфаќаат минати, сегашни и идни предизвици. Во текот на седумте конференциски настани одржани во изминатите години се презентирани 545 научно – истражувачки труд, како плод на досегашната работа на програмскиот и организацискиот одбор, како и на сите соорганизатори оваа година и наназад.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: