ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Станкоски: Секој килограм вишок откупен тутун под притисок – прави ризик за опстанокот на домашните компании! (ВИДЕО)

2.479

– Од што зависи производството на ситнолисен ориентален тутун и дали ќе се ограничи количеството производството во Македонија; Кои се главните „ играчи“ на меѓународниот пазар што ја диктираат побарувачката, а што е пресудно за регулација на тутунската продукција; Како да се најде разбирачка и да се испочитува заедничкиот интерес и за тутунарите и за домашните откупувачи?

Разговор со Кире Станкоски, генерален директор на Тутунски Комбинат АД Прилеп:  

„ Изминативе месеци често слушаме дека ќе се ограничи производството на тутун. Тоа не е точно. Тука нема ограничување, тука има потреба на откупните компании да направат договори на онолку количество колку што има гаранција дека ќе го продадат. Ако откупните компании имаат склучено договори со четирите големи странски компании да продадат 25 милиони кгр или 26 милиони, ќе направат договори. Ако имаат склучено договори само за 21 мил. кгр за тие 4 светски компании кои откупуваат 95 и повеќе проценти од ориенталниот тутун од нашата држава, тоа е според потребите. “

„Свесни сме дека изминативе 10 години се води голема кампања против пушењето: се забрани на овој производ во затворени простории; потоа излегоа електронски цигари, сега во последно време во тренд се цигари со несогорлив тип на тутун, каде што многу помал процент влегува во тие несогорливи цигари. Сите тие параметри укажуваат  на намалување на употребата на финалниот производ – цигари. Оваа суровина која што ние ја произведуваме,ориентален тип на тутун, во овие цигари на светско ниво што се произведуваат се употребува од 5 до 10%, што не е голема количина. На светско ниво, минатите години имаше побарувачка од 135 до 140 милиони, ама тоа е паднато на 115 на 120 милиони, токму поради овие причини: намалувањето на потрошувачката на цигари, употреба на електронски цигари и употреба на несогорлив тип на тутун. Сите тие параметри секогаш треба да се земат во предвид за да на сите ни стане јасно – дека треба многу внимателно сите: тутунопроизводителите, откупните компании, министерството,  да се направи длабока анализа и да се сфатат и големите компании бидејќи тие откупуваат според нивните потреби! “

„ Светските потреби на пазарот на ориентален ситнолисен тутун ја диктираат побарувачката на македонскиот пазар. Тоа не зависи ниту од нас како откупувачи, не зависи ниту од тутунарите, туку од четирите најголеми играчи на светската берза кои ја следат реалната побарувачка.“

– Тие 7 до 8 милиони евра наместо да се трошат за откуп на вишокот тутун, треба да се трошат за стимулација на земјоделците за пренамена на површините за производство на други култури.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: