ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Статутот на Советот на Општина Прилеп ќе претрпи измени

238

Советот на Општина Прилеп утре, среда, 15 ти март, со почеток во 12 часот ќе ја одржи редовната 23 та седница, на која, на дневен ред се 29 точки. Пред советниците ќе се најде предлог за изменување на Статутот на Општина Прилеп и предлог правилник за организирање и одржување на јавни трибини, анкети, предлози и форуми на заедница во ЕЛС Општина Прилеп, како што беше најавено на првата сесија од Форумот на заедниците, од страна претседателот на Советот,  Дејан Проданоски.

Советниците треба да одлучуваат и по предлог правилникот за утврдување на критериумите, начинот и постапката за распределба на финансиски средства од Буџетот на Општина Прилеп за спортски клубови, професионални спортски клубови и здруженија на граѓани и фондации. Со овој правилник се очекува да се допрецизираат условите под кои од општинската каса во иднина ќе се распределуваат средствата за спорт и за граѓанскиот сектор.

Според дневниот ред предвидена е предлог одлука за Социјален план на општината за период од 2023 та до 2026 година. Советниците ќе треба да носат одлуки за меѓуопштинска соработка како и за потпишување на Повелба за збратимување, пријателство и соработка со Општина Бајрам Паша во Истанбул, Република Турција.

На дневен ред се и предлог одлуките за усвојување на квартален извештај за извршување на Буџетот на општината, за четвртиот квартал од 2022, годишниот извештај на Општината за 2022, како и предлог одлука за проширување на средствата на Буџетот за тековнава година.

Најголемиот дел од одлуките на Советот за утрешната седница се однесуваат за давање согласност за изведување на научно наставни екскурзии за учениците од основните и средните училишта од општинава. Советниците на 23 тата седница треба да донесат одлуки од урбанистичката сфера како што е Програма за работа за располагање со градежно земјиште на подрачјето на општина Прилеп за 2023 та година, со предлог измена и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште за тековнава година.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: