ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Сугарески: Она што е најбитно за мене е – Прилеп!

1.525

Вечерва, на плоштадот Методија Андонов Ченто  се одржа промоција на кандидатот за градоначалник за Прилеп од редовите на СДСМ – Горан Сугарески. Пред прилепчани се обратија актерот Андон Јованоски – Ашата, адвокатот Јагода Талеска, како и министерот за здравство Венко Филипче кои како што рекоа добро го познаваат Сугарески и знаат што може да направи за доброто на Прилеп и за општината.

Венко Филипче: Кај Сугаре нема гледање низ прсти!

„ Сугаре ќе биде најдобриот градоначалник кој што Прилеп го имал. Но, морам да кажам дека ќе има и луѓе кои што ќе имаат проблем. Ќе имаат проблем тие кои што сакаат да градат вон прописите, затоа што Сугаре се бореше за сите материјали во Владата да се преработат, да се доработат како што треба. И знам дека кај Сугаре нема гледање низ прсти. Имавме притисок и ние неговите другири, неговите колеги, министри, затоа што знам дека секојдневните јавувања ќе продолжат и за интервенции и да  себори за Прилеп, и компании да доаѓаат и за инвестиции и за најобични работи кои што треба да им се завршат за прилепчани. И кога ние му викаме: „Сугаре има и други градови во државата!“, тој вика: „А бе Венко, за вас има и други градови, а за мене Прилеп е цел свет!“. Тоа е нашиот Сугаре! И на крајот јавната администрација треба да знае: ќе се соочи со огромно темпо на работа. Секојдневно, секој ден ќе ги притиска да се завршат работите, да се заврши час поскоро се’ во интерес на Прилеп, се’ во интерес  на граѓаните“, меѓу другото рече министерот Филипче.

Сугарески: Изборната програма ќе биде извонредно реална

Време е да се планираат реални проекти, и реална програма која што комплетно ќе биде реализирана за време на изборниот мандат, потенцираше кандидатот за градоначалник Горан Сугарески. Иако, како што рече тој, неговата визија за Прилеп е развоен концепт за наредните 12 години.    

„ Сметам дека овој период од мојот живот е исклучително битен, и сметам дека во овој период можам да дадам силен допринос во општеството. Предизвикот да се биде градоначалник на Прилеп е огромен! Моето искуство кое што го имам и знаење сметам дека можам сериозно да го дадам и во целото општество и во државата, меѓутоа она што е најбитно за мене е Прилеп. Заедно со мојот тим, со сите вас, мислам дека можеме да реализираме огромен број на проекти, кои што ќе бидат и се предвидуваат во изборната програма која што е спремаме во овој период и некаде за 10 тина дена ќе биде комплетно готова. Станува збор за извонредно реална програма која што комплетно ќе биде реализирана во следните 4 години. Мојата стратегија, мојата визија, е силна стратегија за развој, развоен концепт за следните 12 години.Тоа може да се случи исклучетелно, со еден сериозен висок консензус на сите општествени чинители, на сите политички партии, на сите вклучени медиуми, на сите луѓе, на сите мислечки капацитети кои што ги има овој град, се со цел, навистина да го направиме она кое што го посакуваат граѓаните, и е најдоброто за нашата општина.“

     Сугарески: Се чувствувам дека сум човек кој што обединува

Во однос на своите противкандидати за претстојните локални избори Сугарески рече дека има одлично мислење, и подготвен е да подаде рака за различните идеи за подобар Прилеп.

„ Сакам да потенцирам една работа: на овие избори нема да има победник и поразен, победата на овие локални избори нема да предизвика дека некој ќе биде победник или поразен. Спремен сум на сите кандидати кои што се, да им подадам рака и заедно со сите идеи кои што ги имаат да се вклучат во програмата која што ќе ја носи Локалната самоуправа и Советот на општина Прилеп. Ова го мислам и од животен аспект, не го мислам од политички аспект. Се чувствувам дека сум човек кој обединува, и кој што не дели. Убеден сум дека и моите противкандидати за кои што имам одлично мислење, нема поинакво мислење за доброто на Прилеп. И затоа се’ она што е во интерес на Прилеп како иден градоначалник спремен сум да го спроведеме во таа програма, и на тој начин сите заедно со сите умови кои што ги има градот, сите политички партии кои што егзистираат на политичката сцена – тоа да го направиме заедно.“

За работата на актуелниот градоначаник Илија Јованоски и локалната самоуправа, Сугарески оддаде признание, а како што рече за сработеното говорат реализираните проекти и повика да продолжи континуитет и наредниот период со несмалено темпо.

– Државната и локалната власт реализира во изминатите 4 години – многу повеќе од колку во 12 години беше реализирано од страна на ВМРО ДПМНЕ кои што владееја од 2006 до 2017 та година. Четири години локалната власт сработи огромен број на проекти. И морам да оддадам признание и лично и од Социјалдемократскиот сојуз и од сите граѓани кои што се тука. Сите проекти кои што се работеа во овој перид, ве убедувам и тебе и сите нив дека ќе продолжат да се работат и дополнително ќе работиме на нови проекти, заедно со тебе и со сето искуство кое што го имаш и со сите луѓе кои што се добронамерни кои што ги имаат тие идеи. Затоа те повикувам заедно со мене, да испратиме уште еднаш сериозна порака: Сериозен континуитет, Прилеп ќе ја има оваа локална власт. Сакам да му оддадам признание на локалната власт, на Советот, на сите одлуки кои што беа донесени тука ветувам дека ќе продолжам онаму каде што тој застана и ќе ги сработиме сите проекти и ќе направиме многу нови проекти заедно со државната власт, која што сум убеден како сериозен кандидат на овие избори и не само сега и победата на овие локални избори кои што ќе се случат на 17 ти октомври.

Јованоски:  Општина Прилеп мора да биде во најдобрите општини

– Направив многу за градот, направивме заедно со советниците и сите вработени во Општина Прилеп, многу за овој град, кој што ВМРО ДПМНЕ вистински не направи 12 години. Јас ве убедувам дека во овој момент можеби не ги почувствувавте сите проекти што ги направивме сите заедно, ама во догледно време благовремено ќе го почувствуваме сите ние заедно. СДСМ нема никогаш да прости за она што се случуваше порано. И овој пат ќе победи, ќе победи Социјалдемократскиот сојуз, ќе победи Горан Сугарески и општина Прилеп ќе оди понатаму се’ понапред и понапред. Општина Прилеп мора да биде во најдобрите општини.  

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: