ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Талески смета дека Јовчески води кукавичка кампања

1.087
30 години наназад, македонската плуралистичка сцена не памти дека било кој кандидат, од било која партија, за било какви избори водел ваква кукавичка кампања, како што тоа го прави кандидатот за градоначалник на Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Борче Јовчески.” изјави Миле Талевски, пратеник од редовите на СДСМ и претседател на ОО на СДСМ Прилеп
„Господине Јовчески, народот рекол „со лага ага не бидува“. Вашиот ментор Груевски избега од правдата, вие бегате од вистината. Ама, како што унгарскиот бегалец еднаш рече, „вистината е како шило, врти-врти и кога тогаш ќе излезе на виделина“. Изборната кампања е поле на кое кандидатите од различни политички опции се натпреваруваат со програми, визии и идеи. Смислата на политичката битка е да се издвојат креативните од деструктивните, храбрите од малодушните. Наместо достоинствен однос, карактеристичен за секој политичар со став и интегритет, вие господине Јовчески одбравте да водите кукавичка кампања, избегнувајќи било каква дебата со вашите противкандидати. Сето тоа под превезот на наводните закани по вашиот живот, искажани преку социјалните мрежи.
Вие, господине Јовчески, манипулирате и си играте со чувствата на граѓаните, бидејќи вистината е поинаква од онаа која ја прикажувате. Вашиот недостиг од политичка наобразба, знаење и искуство, решивте да го надополните со бескрупулозна манипулација со емоциите на граѓаните. Вашата политичка инфериорност во однос на другите кандидати и стравот од медиумско сооочување со нив, го покривате со самонаметнатата улога на „жртва“. Прилепчани се, господине Јовчески, храбри и одважни луѓе, а Прилеп е град на пркосот и непокорот,  Град првоборец, Град Херој.
На Прилеп не му личи за градоначалник да има човек кој се плаши од предизвиците, кој нема храброст да се соочи со проблемите. На Прилеп, господине Јовчески, му личи Сугаре за градоначалник! Тоа во недела, на 17 октомври, граѓаните јасно ќе ви го кажат!-ја пренесоа информацијата од  Центар за комуникации со јавност ОО СДСМ Прилеп

 

https://www.facebook.com/SektorKomunikaciiPrilep/videos/940109713241080

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: