ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Тестенините поевтинуваат за 15 %, а млечните производи за 10 %

192

Тестенините поевтинуваат за 15 отсто или во просек за осум до девет денари, а млечните производи за 10 проценти и нивните цени ќе се замрзнат. Со одлуката на Владата за тестенините се опфатени макароните и шпагетите. За овие продукти се укинуваат и увозните царински давачки од 13 март до 31 мај 2023 година. Одлуката, пак, за млечните производи која ќе биде во сила од 17 март до 31 мај 2023 година се однесува на трајно кравјо млеко со 2,8, 3,2 и 3,5 отсто масленост, урда, кравјо и мешано бело сирење, кравји кашкавал, кисело млеко, павлака и јогурт.  Новата цена за овие продукти ќе се формира во однос на највисоката цена на овие производи во малопродажба од 1 март годинава со намалување од десет отсто, а одлуката важи од 17 март – 31 мај 2023 година.

Ова е втора одлука за замрзнување цени на прехранбени производи, откако на 28 февруари годинава стапи во сила ограничувањето на цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: