ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Традиционален уметнички хепенинг на Ротари во чест на 3 ти Ноември

213

Во чест на Празникот „3-ти Ноемви“ – Ден на ослободувањето на Прилеп, Ротари клуб Прилеп од Прилеп организира традиционален уметнички хепенинг. На овогодишната манифестација ќе земат учество млади талентирани ученици од средните училишта, нивните професори како и членови на Друштвото на ликовни уметници од нашиот град. Манифестацијата ќе се одржи пред домот на културата „Марко Цепенков“ на 03 Ноември 2022 со почеток од 11 часот.

Учесниците на хепенингот ќе можат да творат во техника акрил на слободна тема.

Сите потребни материјали за работа на учесниците на ликовниот хепенинг ги обезбедува организаторот, а делата остануваат во сопственост на Ротари клуб Прилеп и ќе се користат за изложби и аукции за хуманитарни цели.

Од страна на стручната комисија оценувани ќе бидат само уметничките творби на учениците. Најуспешните три ќе бидат наградени со пригодни награди.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: