ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ТРЕТА ЕСЕНСКА ПОБЕДА НА РК ПРИЛЕП

РАКОМЕТ: Супер лига - мажи, 7. коло

659

Екипата на РК Прилеп во салата од СОУ„Ристе Ристески – Ричко“, со 25:22 (14:9) го совлада тимот на РК Струга, во 7. коло од Супер лигата. До победата не се стигна лесно, со оглед на водството кое гостите го имаа во првото полувреме, последен пат со 6:8. Сепак, понатаму домашните ракометари ја презедоа играта и, се чини, ги постигнаа во серија одлучувачките голови. Пресвртот кој се случи до одморот, донесе резултат 14:9 за РК Прилеп.

Во второто полувреме предноста беше поубедлива, за на крајот да се сведе на 3 разлика, 25:22. Сега РК Прилеп има есенски биланс од 3 победи и 4 порази и се наоѓа на 8 позиција од табелата од Супер лига – мажи со 9 поени. Инаку, најдобри кај прилепчеани на овој меч беа Милошевски ( 5 гола) и крилата, Чантурија и Рустамов (4  гола) ,како и Шокоски (4)  а кај стружани најмногу голови постигна левото крило Јанковски (6 гола).

Во следното 8.коло РК Прилеп му гостува на шампионот Вардар.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: