ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Третоноемвриската награда за животно дело во рацете на уметникот Кирил Гегоски

559

На Свечена седница на Советот на Општина Прилеп,  по повод  3-ти Ноември, Денот на  ослободувањето на Прилеп , вечерва, во општинската сала,  беа доделни 3-то Ноемвриските награди, на заслужни граѓани и граѓански здруженија, кои се дале особнен придонес во афирмација и развој на Општината.

Годинава награда за животно дело, ЗЛАТНА ПЛАКЕТА “3-ти НОЕМВРИ” ,Комисијата за одбележување значајни настани, личности и датуми при Советот на Општина Прилеп му ја додели на ликовниот уметник, Кирил Гегоски, за животни достигнувања и афирмација на уметноста. Заблагодрувајќи се искрено за укажаната чест, Гегоски од говорницата рече:

„Ова награда ми е најдрага од сите награди што сум ги добил, бидејќи е доделна од мојот град Прилеп.  Во оваа прилика моите слики ќе ги опишам со еден збор кои сега често го користам – величествени се. А, за уметноста, мора да истакнам дека таа сеуште е на маргините. Од тоа не се живее, нема егзистенција и затоа им благодарам на моето семејство кое имаше верба во мене и ме поддржуваше. Во оваа моја творечка работа,  за убавата уметност имам само убав збор, а убавиот збор е најважен„- рече Гегоски, заблагодарувајќи му се на градот за наградата.

 

Годинава Комисијата за одбележување значајни настани, личности и датуми при Советот на Општина Прилеп при Советот на Оптшина Прилеп додели  3-то ноемвриски плакети на 6 здруженија на граѓани кои дале свој придонес во афирамцијата и промоцијата на  Прилеп и 7 дипломи на граѓани кои со своето работење придонесле за развој и афирмација на општината.

Награди – плакети, по повод 3-ти Ноември беа доделни на здружението за модерни танци, Њу Џенерејшн за постигнати резултати во областа на танцот, на клуб за боречки спортови и рекреација „7-ми Мај“, за достигнувања во областа на спортот , на Шаховски клуб Прилеп,  за постигнати успеси во шахот и афирмација на Прилеп, на компанија ГрабИТ ДООЕЛ , за особен придонес во развојот на ИТ технологијата и локалното стопанство,  на,  спортско туристичка манифестација TUNING CAR SHOW, за придонес во алтернативниот туризам и афирмација на Прилеп и на Фото Кино Клуб Прилеп за постигнати резултати во воспитувањето на млади таленти во областа на фотографијата и филмот.

Награди – дипломи, по повод 3-ти Ноември  градот им додел на Сузана Спиркоска,  одделенски наставник , за особен придонес во реализацијата на образовниот процес, Весна Шереметкоска , автор , за особен придонес во развојот на литературното творештво, на Душко Темелкоски – археолог, кустос,  за особени постигнувања во областа на археологијата, на Вања Ѓорѓиоски и Фросина Ацевска, ученици,  за освоено 1 место на Светско финале на Меѓународен натпревар по англиски јазик – Хипо, на Рубинчо Седлоски и Горан Ангелески, ракометни судии,  за особени достигнувања и афирмација на спортот, на Менче Настоска Кадинец, доктор од областа на медицината, за особен придонес и унапредување на квалитетот на здравството во Прилеп и на Мирослав Димитриески, доктор по земјоделски науки, за особен придонес во стручно-научната истражувачка работа.

Најпрестижните награди на град Прилеп 3-то Ноемвриските награди,  беа доделни во присуство на  советниците на Оптшина Прилеп, градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, Претседателот на Совет,  Дејан Проданоски, како и некогашните градоначалниците на град Прилеп,  преставници на граѓански здруженија, граѓани, гости и медиуми.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: