ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Три дена Прилеп во акција за чистење на дивите депонии

525

Со цел да се стави крај на одлагање на отпад на дивите депонии , да се подобри визуелниот изглед на околината на градот , и да се заштити и зачува природната убавина, денеска , се изведува голема еколошка
акција на потегот од надвозникот на патот за Битола, Заполшки мост , па се до бензиската станица од Лук Оил.


Акцијата ,на предлог на градоначалникот Борче Јовчески, ја изведува ЈКП  ,, Комуналец,’’, во соработка
со ЈКП,, Водовод и канализација’’ и со градежните фирми и нивната градежна опреатива. Денеска се чистеа и товараа огромни количини градежен шут, комунален отпад, отпадни гуми, отпад од домаќинствата и што ли уште не, кое се транспортираше до депонијата во Алинци.

,,Со оглед на краткото време за работа пред дождливите и снежни врнежи, но поради создадените диви депонии кои ги има многу, ја прифативме идејата на градоначалникот Борче Јовчески, и со помош на ЈКП,, Водовод и Канализација’’, и градежната опреатива од градов, ја  реализирамев акцијата за чистење на дивите депонии. Покрај тоа што ,, Комуналец’’ , изминатава недела чисти диви депонии на обиколниот пат од кај Жито Прилеп и Варош , денеска планирано ни е да го исчистиме потегот од надвозникот кај Салида па се до Лук Оил. Во рамките на нашите можности и наредниов период, приоритет ќе ни бидат дивитедепонии кои не се исчистени подолго време. И додека светот се бори секој отпаден материјал да го селектира и го претвори во корисен материјал за нареден производ, ние сеуште се бориме со чистење на дивите депонии’’ , изјави Рубинчо Абрашоски, в. д. директор на ,, Комуналец,, . Воедно, тој упати апел до граѓаните да ги користат
услугите на ,, Комуналец,, и да не го одлагаат отпадот во насекаде, со цел да имаме здрава и чиста животна средина.

Во обиколка на локациите каде се чистеја дивите депонии , беше и градоначалникот Борче Јовчески, кој изрази благодарност до комуналните претпријатија, и посебна благодарност до вработените од фирмите од градежната опратива , кои покрај учеството во денешната акција, најавија учество и помош во било која следна акција која ќе биде од еколошки карактер.


Битката со дивите депонии имостанува на комуналците, до пролет, да се справат со над триесетина локации каде има поголеми и помали диви одлагалишта на отпад, а на граѓаните останува да бидат коректни и совесни, и да сфатат, дека отпадот си има свое место на одлагање.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: