ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Тутунопроизводителите и откупувачите ќе се сретнат со ресорниот министер Хоџа

672

Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство стигна официјално соопштение дека утре, петок, со почеток во 12 часот во Скопје, во просториите на министерството, ќе се одржи средба  меѓу претставници на тутунопроизводителите и откупувачите.

„Утре, (петок) 04.12.2020 година, во просториите на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, министерот Арјанит Хоџа ќе одржи работен состанок со тутунопроизводителите и откупувачите на тутун“, стои во соопштението.

Средбата доаѓа по големиот број негативни реакции за стартот на тутунскиот откуп и подготовките за протести на тутунарите на социјалните мрежи. Земјоделците бараат фер проценка на вагите за актуелната реколта, бидејќи велат дека производството се цени за 1 до 2 класи пониско од реалната вредност.  Откупот на тутунот започна од 16 ти ноември, а досега се вклучени вкупно 3 компании.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: