ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

УХМР ПРЕДУПРЕДУВА – МОЖНО Е ИЗЛЕВАЊЕ НА ВОДОТЕЦИТЕ

600

Од денеска попладне до понеделник (11.01) ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд. Врнежите во западните и северозападните делови повремено ќе бидат пообилни (над 50 л/м2) и поројни, проследени со засилен ветер кој на места ќе достигнува брзина и над 70 км/час.

Врнежите од дожд се очекува да ги зголемат значително водостоите, особено на реките Радика, Сатеска, Коселска и Голема, Треска, Вардар и Црна.

Од УХМР најавуваат дека во западните делови на места се очекува врнежите да надминат и 50 л/м2 и дека во тие делови од земјата се очекуваат значително вискои водостои, полнење на речните корита како и локални излевања.

Од УХМР предупредуваат на крајно претпазливо и внимателно движење (по можност да се избегнува) покрај реките и суводолиците низ земјава поради опасност од нивно излевање. Ова најмногу се однесува на водотеците во западниот дел од земјата каде врнежите ќе бидат пообилни и има опасност од нивно излевање, но и на тие од источните делови каде се очекуваат високи вредности на водостоите.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: