ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Учениците од ООУ Климент Охридски повторно меѓу најдобрите на Олимпијадата по англиски јазик Хипо 2023

306
Тројца ученици Никола Талевски, Анастасија Јагуриноска,  Вања Ѓорѓиоски  од ООУ Климент Охридски -Прилеп , од 23 до 25 мај, во Лидо ди Јесоло, Италија учествуваа на европските квалификации на Олимпијадата по англиски јазик Хипо 2023.
Оваа годин на натпреварот Хипо 2023 учестуваа 83120 учесници,од преку 30 земји, а основнците од прилепското ООУ Климент Охридски – повторно беа меѓу најдобрите: Никола Талевски во категоријата Little Hippo беше рангиран на четврто место, Анастасија Јагуриноска во категоријата Hippo 1 го освои четвртото место , а  Вања Ѓорѓиоски, во повисоката категорија на натпреварување, беше рангиран на седмо место во категоријата Hippo 2.

Учеството на овој меѓународн натпревари  по англиски јазик беше  финансиски поддржано од Општина Прилеп , како и од бизнис секторот (Пост експрес, Ангромеханика,Шула компани и Хримакс компанина)  на кои  училиштето им се заблагодари јавно, за поддршката и за верувањето во учениците

„ВЛОГОТ ЗА УЧЕНИЦИТЕ Е ВЛОГ ЗА НАШАТА ИДНИНА!!„-напиша на својата Фејсбук страна директорот на ООУ Климент Охридски , Ахил Јаков, горд на своите ученици и наставници.
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: