ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Уште една донација од прилепскиот Лајонс клуб за градската болница

803

Прилепските Лајонс клуб во соработка со компанијата „Инако“ денеска донираа постелнина за потребите на Градската болница „Борка Талески“. Станува збор за донација од 150 перници наменети за пациентите – хоспитализирани во оваа здравствена установа, со што ќе се подобрат условите за престој и лекување на граѓаните. Донацијата е по повод  11 ти Октомври -Денот на народното востание.

Како што истакна претседателот на клубот, д-р Пеце Петрески, Локалниот клуб Прилеп многу често му дава приоритет на активностите врзани за донации во болницата , а тоа го покажа во повеќе наврати изминатите години, од кога постои клубот, и тоа во потребна апаратура, за реновирање, во потрошен материјал и друго. Членовите на клубот се секогаш посветени во грижата за подобрување на условите во болницата за граѓаните и на нивното здравје. Таа традиција и одлична соработка со болницата продолжува и понатаму. На доделувањето на донацијата, присуствуваше и Гувернерката на Дистрикт 132,С.Македонија, д-р Весна Пацаноска, која е член на ЛК Прилеп.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: