ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Форум на заедницата во Прилеп, граѓаните одлучуваат за реализација на приоритетните проекти

294

Општина Прилеп започнува со реализација на проектен Форум во заедницата, во рамките на Програмата „Зајакнување на општинските совети –фаза 2“ која ја финансираат Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа, а ја кофинансира и спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со национални и локални партнери. Имплементацијата на програмските активности е поддржана и од Општина Прилеп.

На форумските сесии граѓаните се даваат предлози и граѓаните одлучуваат за тоа кои проекти ќе се реализираат во Општина Прилеп. Во рамките на предвидените форумски сесии ќе се дискутира за проблеми кои ја засегаат општината и ќе се нудат решенија од кои ќе произлезат проектни идеи/концепти за предлог проекти. Од овие концепти за предлог идеи учесниците на форумот ќе ја изберат најприоритетната, што ќе се аплицира до проектниот фонд. На последната сесија ќе се даде информација за реализација на избраниот/избраните проект/и и препораки.

Првата форумска сесија ќе се одржи в петок  на 10 ти март, на пладне во Хотел Салида, Прилеп, а поканети за учество се сите заинтересирани граѓани, преставници на НВО, претставници од приватниот сектор, образовни институции и други.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: