ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ФУДБАЛ -ТРЕТА ЛИГА ЈУГ: „НАЈЖЕШКО“ ВО ВЕЛЕС И ВО ЦРНИЛИШТЕ

480

Попладнево е 8. коло од Третата фудбалска лига – Југ, каде има неколку интересни дуели. Пред се, во фокусот е дербито во Велес помеѓу лидерот на табелата Превалец и второпласираниот неготински Вардар. Двата тима се единствените досега без пораз, Превалец со пет победи и едно реми, Вардар со четири победи и две нерешени. За дербито да помине во најдобар ред се делегирани докажани, искусни и квалитетни судии – прилепчаните Кирил Смоквоски, Иле Мишески и Борис Трајков. Второто дерби е Ново Црнилиште – Големо Коњари, седмиот го дочекува четвртиот. На игралиштето во Црнилиште ќе судат прилепчаните – Душко Стојсављевиќ, Весна Спиркоска – Тофилоска и Димитар Здравески. Досега Големо Коњари забележа четири победи, едно реми и еден пораз, додека Ново Црнилиште има три победи, два пораза и едно вредно реми од 1:1 со Вардар во Неготино. На останатите мечеви се среќаваат: Младост – Возарци, Обршани – Динамо, Марена – Слога и Росоман – Бучин.

Почетокот денеска е во 16 часот.

Преземено од www.shampion.mk

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: