ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Цековска: Поразителен е 4-годишниот молк на Борче Јовчески!

1.181

Јулијана Цековска кандидат за советник од СДСМ и Коалицијата денеска се обрати со изјава за јавноста:

„Покрај градоначалникот, вториот од двата органи на Општината, е Советот. Основната задача на членовите на општинскиот Совет, е да ги застапуваат интересите на граѓаните, да предлагаат решенија за нивните проблеми и да носат одлуки со кои ќе ги подобрат условите за живеење како во урбаните, така и во руралните средини, ние како советничка група од мнозинството во совет заедно во координација со  градоначалникот тоа го правевме во континуитет. Она кое што може да се констатира, е дека во изминатите 4 години ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициони партнери беа се, само не конструктивна опозиција. Отсуство на конструктивна расправа, опструкција при носењето на важни одлуки, кавгаџиски тонови наместо суштинска дебата. Сето тоа, вклучително и предвременото напуштање на седниците на дел одсоветниците од опозицијата откако ќе го ставеа потписот за присуство, беше главната одлика на однесувањето на опозициските советници во Советот на општина Прилеп.

Еден од оние кој целосно се вклопи во сивилото и не даде ама баш никаков придонес во четиригодишното функционирање на општинскиот Совет, беше и актуелниот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за Градоначалник на Прилеп, Борче Јовчески. Поразителен беше молкот на Г динот Јовчески во изминатиот 4 годишен период и отсуството за дебата во функција на носење на квалитетни одлуки во интерес на граганите на Прилеп од страна на Советот на Општината. Тоа јасно и недвосмислено укажува дека одлуките кои ги носеше Советот а беа од интерес на Граѓаните од Општина Прилеп  Г динот Јовчески преку молкот ги поддржувал. Ако се има во предвид однесувањето и пристапот кон седниците на Совет на кандидатот за Градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Борче Јовчески, тогаш никого не треба да го изненадува неговото бегање од телевизиските соочувања со останатите кандидати за Градоначалник на Општина Прилеп. Едноставно, непознавањето на надлежностите на локалната самоуправа и инфериорноста во однос на останатите кандидати, се причините за бегањето на Јовчески од сите дебати на националните медиуми.

Почитувани,

Верувам дека изборот за градоначалник никогаш не бил полесен отколку на овие избори. Како почитуван граѓанин на нашиот град и пошироката заедница, како политичар кој успешно извршувал исклучително важни функции во извршната и законодавната власт, Горан Сугарески е единствениот логичен избор за градоначалник на Општина Прилеп. Горан Сугарески и кандидатската листа за советници на СДСМ и Коалицијата, се најдоброто за нашата општина,“ вели во изјава за јавноста Јулијана Цековска кандидат за советник од СДСМ и Коалицијата.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: