ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Честитки по повод 8-ми Декември, националниот и христијански празник „Св. Климент Охридски“

332

Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески по повод големиот христијански и национален празник „Св.Климент Охридски„  упати честитка до сите граѓани. Во неговот обрајќање се вели:

„Во мое лично име и во името на Општина Прилеп на сите православни христијани и на сите наши сограѓани им го честитам големиот христијански празник – „Св. Климент Охридски“ и им посакувам многу здравје, среќа и бериќет.  Светиот Климент Охридски е длабоко врежан во македонската историја, тој е еден од најистакнатите ученици на светите браќа Кирил и Методиј и првиот македонски архиепископ. Творец е на познатата Охридска книжевна школа, позната и како Прв универзитет на Балканот и е најзначајниот македонски средновековен писател и педагог.  Неговото духовно и книжевно дело е трајно врежано во историјата на Република Македонија и македонското културно наследство. Со својата активност и со своето дело на повеќе полиња, тој станал заслужен не само за македонскиот народ туку и за целиот христијански свет.

Нека е вечен споменот за свети Климент Охридски и за неговото дело!„ – се вели во честитката на градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: