ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Четирикратниот џудо првак Сеишин на своите членови им посака многу желби за уште поголеми успеси во иднина (ВИДЕО + ФОТО)

ЏК Сеишин ги одбра најдобрите на клубско ниво за 2023

775

Нема поубав крај на една натпреварувачка година за државниот првак во џудо  , од прогласувањето на најдобрите на клубско ниво.Заедно стручниот штаб , членовите , соработниците , подржувачите во присуство и на родителите ја прославија титулата но и топло ги поздравија најдобрите на клубско ниво.Уште еднаш прилепскиот џудо клуб заокружи шампионска сезона , како единствен клуб со освоени над 200 поени на официјалната џудо табела.

Кај полетарците најдобри се Владан Стрезоски, Христијан Бунески , Матеја Николоска , Јана Ангелески , во категоријата деца Мила Здравеска ,Софија Ѓорѓиоска , Ване Ацески , кај пионерите и помладите пионери Дарио Нанески , Немања Џагадуроски , Теодора Илиоска , Борис Џагадуроски , кадети Никола Магдески и Теа Настоска ,  јуниори Георгиј Магдески , Теодора Димеска кај сениорите Марио Цинцароски и Александра Настоска а кај ветераните Мартин Ристески.

За Радио Пела , предводникот на оваа успешна џудо приказна , Дејан Мицкоски истакна дека клубот бележе четврта титула едноподруго во една силна конкуренција и очекува дека тој континуитет ќе продолжи и во иднина , честитајќи ги празниците на сите свои членови.

Сите овие резултати се направена со една макотрпна и тимска работа , работа кој од година во година носи позитивни резултати во сите категории за прилепскиот џудо клуб Сеишин.За најупсешен тренер е прогласен Марио Тошески , најуспешен натпреварувач со освоеното трето место на балканското првенство Теа Настоска , како најборбен натпреварувач  Михаил Димоски , а во програмата за лица со попреченост наградата отиде кај Христијан Стојкоски.

 

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: