ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

(Видео) Че има Прочка и че дефилираат над 500 маски

846

Од петок до недела Прилеп ќе биде домаќин на традиционален карневал „Прочка 2022“, на којшто ќе учествуваат маски само од Република Македонија поради се уште актуелната Ковид состојба. Градоначалникот Борче Јовчески на денешната прес конференција посочи дека – Добредојдени сте сите во градот под Марковите кули.

„Сакам да упатам покана до сите, не само до нашите сограѓани туку и до целата македонска јавност и до сите граѓани да повелат да ни дојдат во недела во 12:00 часот. Дефилето на карневалот својот официјален почеток ќе го има пред Домот на културата ‘Марко Цепенков’, од каде што ќе се упатиме до поставената бина на плоштадот ‘Методија Андонов Ченто’.  Ве уверувам дека како домаќини ќе се погрижиме да имате прекрасен и исполнет карневалски ден“, истакна градоначалникот Јовчески.

Снежана Ристеска, Советник за култура во Општина Прилеп, посочи дека се прават последните подготовки за оваа значајна манифестација која годинава ќе се одржи по 20-ти пат.

„Очекуваме околу 500 учесници во 15-тина групни маски, некои од нив бројат и над 50 учесници. Досега се пријавени учесници од Кавадарци, Пробиштип и Охрид, односно Куратица. Покрај дефилето ќе има куклено шоу, магионичари, жонглерски и други атракции, за сето тоа да заврши со заедничка забава и концерт на групата ФОЛТИН на централната бина“- посочи Ристеска.

Ванчо Георгиев, претседател на здружението ‘Прилепски мечкари’ беше наш гостин и даде подетални информации за сите случувања со Прочка

 

Во понеделник по завршување на карневалот „Прочка 2022“ на пладне, во манастирот „Свети Ѓорѓија“, доколку дозволат временските услови или пак во некој од рестораните тука во градот, ќе се одржи во организација на здружението ‘Прилепски мечкари’ традиционален посен ручек.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: