ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Шопинг задоволство, бонус забава – „Prilep Outlet Weekend“

419

Попусти до 70 %, промоции, забава, комбинирани понуди кои важат само за двата дена од одржувањето на првиот „Прилеп аутлет викенд“ ќе има утре, петок, 17 ти и в сабота 18 ти февруари (од 8 до 17 часот). Оваа комерцијално – забавна манифестација или шопинг мол на отворено, за прв пат се одржува во ваков формат не само во Прилеп, туку и во Македонија. Идејата е да се освежи, да се раздвижи и да се разбуди прилепската чаршија, трговијата, но и угостителите. Се вклучува целата трговска мрежа, иако со посебни налепници ќе бидат обележени учесниците, со цел посетителите да знаат каде се упатат при купувањето.

Во однос на комерцијалниот дел покрај прилепските дуќанџии, со посебни и дополнителни попусти и промоции вклучени се и продавниците од големите трговски мрежи за продажба на бела техника, мебел и облека. Се’ зависи од инвентивноста на менаџерите, кои се вклучуваат и со хуманитарна активност, при што, според најавите, одреден процент од профитот ќе биде дониран за настраданите семејства во земјотресот во Турција и Сирија.

Секое шопинг искуство е поинтересно со забава, која ќе биде неизбежна во прилепската чаршија. На повеќе места ќе може да се сретнат кловнови, музички групи, жонглери… Со еден збор забава за сите генерации, а можноста да се купи посакувано е дополнителен бонус!

„Prilep Outlet Weekend“ беше повод за разговор и со градоначалникот Борче Јовчески:

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: