ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Што денеска изгласаа советниците на Советот на Општина Прилеп?

551

Членовите на Советот  на оваа седница го усвоија кварталниот извештај  за извршување на буџетот за четврт квартал од 2021, Годишната сметка на буџетот за изминатата година, Годишниот извештај и измената на одлуката за извршување на буџетот на Општина Прилеп за 2022 година.

На седницата советниците дадоа согласност на тримесечните финансиски извештаи и годишните сметки за 2021 година на ЈКП „Водовод и канализација“, ЈКП „Комуналец“ и ЈП за ПУП како и измената на годишниот план за вработување за 2022 година во ЈКП “Водовод и канализација“.

Со мнозинство гласови беа усвоени и годишните сметки на  ЈОУДГ “Наша иднина“, ЈОУ Дом за стари лица „Киро Крстески – Платник“ и ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески за која беше усвоен и извештајот за работа за 2021 година.

Како точки на дневен ред, советниците со мнозинство гласови ги усвоија и Програмата за спроведување на општи мерки за заштите на населението од заразни болести за оваа година и Одлуката за утврдување на приоритет на под-проектот, Реконструкција на улицата „Леце Котески“.

На денешната седница советниците не го усвоија Извештајот за безбедносната состојба на подрачјето на Полициската станица од општа надлежност – Прилеп за второто полугодие од 2021 година

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: