ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Што му донесе “Дедо Мраз” на фудбалски Прилеп во 2023 година ? (ФОТО)

многу желби - една љубов - Победа

654

Фудбалската бубамара мирува но затоа македонските фудбалски клубови вака или така се подготвуваат да го доиграат фудбалското “оро” кое наскоро ќе започне. За некој ќе стартува пролетната полуетапа со полна вреќа “трансфери” и освежувања без разлика кој и како котира на македонската фудбалска сцена.Прволигашите со желба да го стабилизираат прволигашкиот статус а некои да дојдат до европски “погодок” , второлигашите го прелистуваат распоредот и гледаат каде и кога ќе биде вистинската берба на бодови а пак третолигашите ги “вдомуваат” оние кои добиле или “ич” немаат добиено шанса за настап ,  па таму гледаат напредок.

Што му донесе Дедо Мраз на фудбалски Прилеп во 2023 година? …засега му ја донесе преселбата на Бабунски во соседна Битола и му ја додели новата функција на Дамески кој ја имаше и првата прозивка на која присуствуваа дваесетина фудбалери.

Треба да се “одбрани” прволигашкиот статус , но секако мора да се внимава и на ростерот на фудбалери а тој веќе го напушти Марио Наумоски кој му се придружи на Бабуноски кај зелените под тумбе кафе.Информациите од клубот велат дека во наредниот период се очекуваат фудбалери од африканско потекло на проба а Победа ја очекуваат и подготовки во пресрет на продолжението од сезоната.Можни пријателски противници на црвено белите се Гостивар , Охрид како и тимовите од Сремска Митровица и Феризај (Урошевац).Во екипата по подолго време на тренажен процес  се враќа  и Јорданчно Наумоски.

Во пролетната полусезона , Победа ќе ја предводи Благојче Дамески а негов асистент ќе биде Стојанче Дунимаглоски.Со каков фудбалски ростер ќе располагаат црвено белите останува да видиме а предвреме се знае дека не бега битката за опстанок а желбата на армијата навивачи е секогаш иста , Една љубов Еден град – Победа.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: