ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Што одговорија прилепчани на прашањето „Како денеска се живее во Прилеп?„

1.172

На прашањето “Како денеска се живее во Прилеп?„ од 720 размилувања,  87%  одговориле дека во Прилеп се живее тешко и лошо, 12% сметаат дека од секогаш така се живеело, а само 1 % сметаат дека во Прилеп се живее добро на егзистенционално поле,  економско, социјално, културно…

Многумина во анкетата Прилеп го нарекоа „градот на духовите„ ,градот без идеи„ ,град на страдалници„ и зборовите „тешко“ “лошо„  „никако„  често се повторуваат.

Martin Mitrikeski

  • Grad na Duhovite….. Zalno no Vistinito

Eli Miloseska

  • Во поглед на егзистенцијалните трошоци многу тешко.. Во однос на социјалниот живот, духот на прилепчани не е исчезнат.  Другите моменти зависат од индивидуалниот пристап кон животот. Главниот виновник, освен ковидот, е нискиот стандард и продавањето на националните интереси, сето тоа предизвикува стрес и несигурност за иднината и животот во него.

Николоски Дејан

  • Супер чаршијата празна, дуќаните затворени, навечер чоек нема низ чаршија, пола прилепчани странство ни заминаа, останавме уште последните мексиканци овде треба државата воени пензии да ни додели што останавме, институции за респект само да земат дали имаш или не никој не го интересира, решенија за легализација легално поднесени чека народо 10 години, митаџии секој чош, пола Прилеп извршни плаќа до крајот на животот од добриот систем низ годините, мажачки женачки ретки, наталитетот катастрофа, цените кренати до небо и уште многу такви работи, затоа бега младината од Прилеп остана град на духојте

 

  • Никакви културно уметнички визии и општо лошо менаџирани со ресурсите во градов.

 

  • Искрено спрема најблиските градови како Битола, Кавадарци во Прилеп најлошо се живее

Во Прилеп , велат Прилепчани, не се живее, се преживува

 

 

 

Се посочуваат дека токму поради слабиот напредок на економско поле и лошто менаџирање со градот младите го напуштаат и заминуваат во странство:

 

Но, и покрај тешкотиите и  разочарувањата , духот и хуморот на изразување на проблемите    прилпечани го здржале ,  па и во тешкотијата и маката коментираат и во шега велат: 

 

  • Ma super cisti ulici si odime na korzo na kino si gledame po nekoje filmce vikendi vo disko na djuskanje

 

  • Mnogu ubavo epten sekoj tret sam si zboruva.

 

  • So turkajne turnime da kinisam so vikaat starite zarem – ova e zivot 

 

  • Кoј лoшo кoј бетер

Андреј Бозоски

  • Mnogu Luksuzno

Bageski Blagoja

  • Ко пците на Василица  

 

РЕДАКЦИЈАТА НА РАДИО ПЕЛА ,НА СИТЕ ШТО УЧЕСТВУВАА ИМ БЛАГОДАРИ ШТО ГО ИЗРАЗИЈА СВОЕТО МИСЛЕЊЕ И САКА ДА ПОТЕСТИ

Медиумот РАДИО ПЕЛА, сега и во иднина,  има за цел да ги пренесе ставови на граѓаните, но и да се обиде да ги наметне кај надлежните, оние кои треба да го слушнат и да го почитуваат јавното мислење , мислењето на заедницата ,на граѓанинот и да делуват. Затоа , јавното говорење мора да постои, зашто молкот само не води во бездна! 

Медиумот не е само да ги доставува информации до публиката, туку информации да им помогнат, да им послужат на граѓаните во насока на заедничко опшествено дејствување и притискање на одговрните да си ја вршат работа во интерес на граѓаните.

Функција на медиумите е да обезбеди простор за јавноста да ги изнесе различните мислења, ставови, потреби и интереси, со цел да предизвика јавна дебата.  Се надеваме дека ќе воспоставиме механизам на взаемно комуникациско самодејствување, која ќе делува и притиска за подобра иднина на сите нас.

Со почит,

Редакција Радио Пела

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: