ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ ЗА ДА ГЛАСАТЕ ДЕНЕСКА ?

646

Носете маска, држете растојание и дезифицирајте ги рацете пред и по гласањето. Мерките се задолжителни и за гласачите и за членовите на општинските изборни одбори и набљудубачите.

Заради почитување на заштитните превентивни мерки и препораки гласачот треба да држи  минимум растојание  од 1,5 до 2 метра пред влезот, во внатрешноста и при излезот од гласачкото место. Гласачот при самото влегување во внатрешниот простор и при излегувањето треба да ги дезинфицира рацете.

Растојание треба да се држи и при  приложување на документот за лична идентификација.

Гласачот  накратко ја отстранува личната заштита од лицето заради негова идентификациј. При тоа треба да се почитуваат и ознаките со кои се обележува правецот на движење и запазување на минимум потребното растојание при чекање, или да се стои подалеку од  граничникот ставен пред членот на избирачкиот одбор.

На гласачкото место, не смее да има повеќе гласачи од бројот на паравани за гласање.

Протоколите предвидуваат ако гласањето се врши со пенкало, истото да се дезинфицира по употреба на секој гласач. Во однос на употребата на отпечаток од прст, пак, гласачите треба да го дезинфицираат прстот пред да го стават во уредот за отпечатоци. а уредот нема да се дезинфицира од технички аспекти.

Како друга мерка за спречување на ширењето на ковид-19 е и дезинфекција на просториите каде што  се гласа. Што се однесува до просторијата каде што ќе се гласа препорачано е прозорците во  просториите кои  се користат како гласачки места, да бидат отворени за време на гласањето, или пак зачестено да се проветруваат на секој час.

По завршувањето на гласањето, училишните простории ќе треба да бидат дезинфицирани од општините за да биде безбеден наставниот процес.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: