ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Јавен повик за обесштетување на тутунарите чие производство беше откупено пониско од прва класа!

1.263

Јавен повик до Премиерот и Министерот на МЗШВ денеска упатија новоформираните здруженија преку нивниот координатор Игор Мирчески во врска со актуелниот откуп на тутунот. Целта е со одредена мерка Владата  да ја  исправи неправдата кон тутунарите кои го предадоа производството во првата фаза од раниот откуп кога производството се ценеше според мострите во предвидените класи.  Го пренесуваме јавниот повик во целост:

Откупот на тутун во оваа реколта е при крај и откупени се речиси 99% од количините од годинашното производство на тутун. Иако беа договорени околу 26 милиони килограми тутун, сепак, голем дел од производителите се откажаа од своето производство поради погрешните политики кои се водат во оваа гранка во изминатите години што придонесе за драстично намалување на оваа култура на нашите ниви поради што дирекна загуба има и државата.

Затоа,тргнувајќи од фактот дека оваа гранка е од особен интерес за државата и социо-економското значење за производителите, но и за оние кои традиционално го купуваат овој наш производ злато вреден, а знаејќи дека Сојузот на земјоделски здруженија заедно со нивниот претседател Менде Стомнаровски кои немаат легитимитет кај тутунарите вооошто не се заинтересирани да се реши овој проблем, ние новоформираните тутунски здруженија го испраќаме ова наше барање до ВАС.

Имено, од откупените околу 19 милиони килограми, повеќе од 90% се откупени во прва класа, а остатокот во втора и незначителен дел во трета класа. Со овој начин на проценка на тутунот оштетени се оние производители кои својот род го предадоа во раниот откуп, за разлика од редовниот каде тутунот се откупуваше само во прва класа. Поради овие причини бараме да се исправи неправдата кон овие тутунари и нив да им се доплати разликата со која се оштетени по најмалку од 60 тина денари на килограм, бидејќи и тие тутунари ја чувствуваат двоцифрената инфлација и за нив се исти цените по маркетите, репроматеријалите, нафтата и се останато, а тие луѓе им се потребни и на државата и на тутунската индустрија. Па тргнувајќи од фактот што во буџетот на Македонија се обезбедени пари за субвенции на 26 милиони килограми тутун, средства кои нема да се потрошат поради големото намалување на количините, БАРАМЕ со разликата на тие средства да се обесштетат сите тутунари кои имаат пониска класа од прва. Доколку го преземете овој чекор, вие како Влада ќе покажете дека не се само празни зборови сите ваши јавни настапи на кои устите ви се полни со зборови, како вие работите во интерес на земјоделците, а оштетените тутунари ќе имаат желба и за следната година да садат тутун и да допринесат за добробитта на државата. И за крај – Еве ви решение, ваше е само да го спроведете и од зборови да преминете на дела. Од вас зависи, стои во јавниот повик од Игор Мирчески координатор на новоформираните тутунски здруженија.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: