ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

(ВИДЕО) Победа ја оправда улогата на фаворит

Фудбал: Победа - Братство 5:0

956

Победа, во меч од 7.коло во ВМФЛ – ИСТОК, го „изрешети„ Братство од Житоше и ја оправда улога на фаворит. Со 5:0 Победа успеа да слави над тимот над новиот вторлигаш, Братство, пред близу 2000 гледачи на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ , кој,  како што велат спортските новинари „беше недораснат противник за да се носи со силниот прилепски состав„.

Сите пет гола се на овој линк:

https://www.facebook.com/ShampionMK/videos/556284145474769

 

Како што се очекуваше, фаворитот Победа тргна агресивно кон противничкиот гол, но гостите, сепак, ја имаа првата шанса. Во 14. минута Темур Еминоски го погоди дирекот од голот на Даниел Котевски. Само две минути подоцна по асистенција на Бојан Спиркоски, со глава гостинската мрежа ја затресе Петар Најдов.

Во 29. минута, се чини, се беше решено околу победникот, со оглед на водството на прилепчаните од 2:0, со вториот гол на Најдов, по центаршут на капитенот Даниел Карчески. Пред крајот на полувремето, Бојан Спиркоски се запиша меѓу стрелците. Во второто полувреме имаше уште неколку шанси на двете страни, а само гостинската мрежа се затресе уште двапати. Прво погоди Кирил Неделков, па Давид Јошески.

Табела: Саса 17 бодови, Победа 16, Слога Виница 16, Беласица 11, Осогово 10, Кит Го Пехчево 9, Кожув 8, Детонит Јуниор 7, Лок. Градско 4, Братство 1.

ОСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ: Детонит – Локомотива 2:1, Беласица – Осогово 0:2, Кит-Го – Слога 1:2, Кожуф – Саса 0:0. ТАБЕЛА: Саса 17, Победа и Слога 16, Беласица 11, Осогово 10, Кит-Го 9, Кожуф 8, Детонит 7, Локомотива 4, Братство 1.

ИДНО 8. КОЛО: Победа – Детонит, Братство – Саса, Слога – Кожуф, Осогово – Кит-Го, Локомотива – Беласица.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: