ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп апелира на превентивни мерки од замрзнување на водоводните инсталации

300

Ниските утрински температури кои достигнуваат до – 10 степени, а според УХМР ваквите температури ќе се задржат и наредниве денови можат да предизвикаат оштетување на водоводните инсталации. Поради ова, од ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп, од секторот за техничко одржување и развој ,препорачуваат и апелираат до граѓаните да преземат превентивни мерки за заштита на  водните инсталации и водомерите за да не се предизвикаат трошоци и за физичите лица, но и за јавното претпријатие:

  • да не се заштитуваат инсталациите пред се’ преку константно испуштање на водата преку славините!
  • водомерите во водомерни шахти да бидат заштитени со соодветна изолација од топли материјали!
  • надворешните чешми (во дворовите) да бидат испуштени и затворени, а потоа заштитени повторно со соодветни материјали за изолација од ниски температури!
  • во подрумските простории каде е видлива водоводната инсталација да биде заштитена со термо изолација, но и да се внимава да нема провев од отворени врати или скршени прозори со цел да не дојде до пукање на стакло на водомери, пукање на цевки и сл.

Во случај на дефект или пукање на водомери од ниските температури на располагање се дежурните служби на Водовод и канализација – Прилеп 24/7!

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: