ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Ќе се одржи изложбата на фотографии „Јордан Зазоски – Зазо 2023“

150

Традиционланата клубска изложба на уметнички фотографии „Јордан Зазоски – Зазо 2023“ во организација на Фото кино
клубот „Прилеп“ ќе биде отворена утре, среда,  26 април, од 19 часот,  во фоајето на на НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп. Ќе бидат изложени 60-на фотографии од исто толку фотографи, членови на ФКК Прилеп, кои ги одбра селекциона комисија, а темата е слободна, што созда можност кај фотографите да бидат покреативни.

Изложбата и оваа годинава е поддржана од Министерството за култура, како проект од национален интерес во културата од областа на визуелните уметности, архитектура и дизајн за 2022 година. Целта е збогатување на културната понуда во Општина Прилеп преку афирмирање и промоција на фотографија.

Изложбата ќе ја отворат градоначалникот на Општина Прилеп Борче Јовчески и претседателот на Фото кино клубот „Прилеп“ Сашко Попоски.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: