ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прослава за милениумското постоење на најголемото Македонско светилиште – 1000 години Бигорски (1020-2020)

807

Македонското светилиште, манастирот „Свети Јован Бигорски“ денес ја одржува централната прослава по повод јубилејот 1.000 години постоење, која започна со Божествена Архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше Архиепископот на МПЦ, г.г Стефан,во сослужение со своите собраќа од Светиот Синод на МПЦ-ОА.

По завршувањето на литургијата пред присутните, освен архиепископот г. г. Стефан, се обрати и покровителот на прославата, претседателот на државата Стево Пендаровски.

Митрополитот г. Тимотеј и епископот г. Партениј доделија ордени и благодарници на заслужни поединци и организации, кои дале значителен придонес за илјадалетието на Бигорски и за неговата евангелско-просветна мисија.

Синоќа пак,по завршувањето на Архијерејска вечерна богослужба, со факели во рацете, млади верници го осветлија небото над манастирот, во чест на 1000 години од постоењето на ова духовно светилиште.

Според Бигорскиот поменик, манастирот бил основан од страна на монахот Јован во 1020 година, а во XVI век манастирот бил разрушен од страна на отоманската власт и од целиот комплекс останал само мала црква. Од помениците исто така се дознава дека манастирот бил повторно обновен во 1743 година од страна на јеромонахот Иларион, кој бил и првиот игумен на Бигорскиот манастир во поново време.

Бигорскиот манастир го сочинуваат манастирската црква, која е посветена на Јован Крстител, костурницата, сместена до самата црква, сејменската одбранбена кула, комплексот манастирски конаци, како и новоизградените гостински конаци.

Деенска Бигорскиот манастир има педесет монаси и монахињи и претставува една од најголемите монашки заедници на Балканот.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: