ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

(Видео) Само 11 матуранти има СОУ „Св. Наум Охридски“ од Македонски Брод. Општината доделува 5000 денари за секое дете кое е запишано во прва година

260

Само 11 матуранти оваа година ќе ја завшрат учебната 2022-2023 година во СОУ „Св. Наум Охридски“  од Македонски Брод.  Од Општина Македонски Брод се надеваат дека бројот на ученици ќе се зголемува  во иднина и дека младие, со мерките кои ги презема општината , ќе останат во Македонски Брод, иако се почесто е иселувањето од Поречијето, велат надлежните.

Во однос на ислувањето, Македонски Брод и СОУ  „Св. Наум Охридски“  ја дели истата судбина како и останатите малечки градови во Македонија. За тоа не е причина само иселувањето, туку и бесплатното средно образование, така што голем бројод дечињата ни заминуваат за средно образование во околните градови: Прилеп, Битола, Скопје… Државата направи двојни аршини. Воведе субвенционирање на децата кои учат надвор од својата општина, но никакви мерки на стимулиација нема за дечињата кои остануваат на територијата на својата општина“, вели Жарко Ристески, градоначалник на општина Македонски Брод.

Со цел, колку-толку исправање на оваа поразително-тажна слика, во општината Македонски Брод ,  Советет на општината донесе мерка за субвенционирање , во вид на еднократна парична помош на секој новозапишан средношколец, во висина од 5000 денари, средства од општинскиот буџет, кои треба да послужат за стимулирање на учениците, да останат во Македонски Борд и да се запишуваат во „Св. Наум Охридски“ , која има гимназиски и угостителски смер.

Сигурно дека тоа е симболично,  но битна ни е пораката која ја испраќаме кон самите дечиња. Воведовме и машинска струка во средното образование, а воспоставивме и дуална паралелка со Фабриката „АТС Груп“ во Самоков, така што оспособуваме кадар токму за таа фабрика. Дечињата одат на пракса и се надеваме дека поголем дел од нив ќе можат да останат да работат тука, а тие што сакаат да се дообразуваат, да добијат стипендии за да можат да се вратат пак и да работат во општина Македонски Брод“,  посочува градоначалникот, Ристески.

Исто така, бидејќи една од перспективните цели на Општината е развој на туризмот, од пред неколку години формирани се и две нови гимназиски паралеки за струките – техничар за рурален туризам и хотелски техничар.

„Со ова сакаме да се вмрежиме и да го следиме бизнис-секторот, особено угостителството што ќе биде значајна придобивка за општината високо да се етаблира на туристичката мапа не само во земјава, туку и пошироко“, објасни градоначалникот на Општина Македонски Брод, Жарко Ристески

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: