ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

110 години од смртта на Атанас Бадев

1.156

Утре се навршуваат 110 години од смрта на Атанас Бадев Koj e Атанас Бадев?!Зошто е важен во македонската музика!

Атанас Бадев е  првиот професионално школуван македонски композитори и основоположник на хорското пеење во Македонија. Роден е во Прилеп 14 јануари ,а починал на 21 септември  во Ќустендил.

По тој Градската Библиотека „Борка Талески“ во соработка со прилепските црковни хорови „Св.Благовештение„ и Св Петка“ денеска  го одбележуаат овој значаен ден за хроското пеење во Македонија.Покрај хоровите во музицирањето на композициите од Бадев учествуваа и ученици од ОМУ „Ордан Михаловски –Оцка“.

Наде Караџоска ,совентик во Библиотекат „Борка Талески“ Прилеп,пред присутните говореше за живото и делото на Атанас Бадев.

Атанас Бадев се школувал во о Солун и Бугарија, каде матурирал со одличен успех во  машка гимназија во Софија. За време на летниот одмор во 1879 г. основал црковно-училиштен хор во Прилеп.Музика најпрвин студирал во Синодалната школа за црковно пеење во Москва, потоа кај Милиј Балакирев и Николај Римски-Корсаков при Дворската пејачка капела во Санкт Петербург.

Посебно е значајна работата на на Бадев врз проучувањето на македонскиот музички фолклор. Од неговата студија „Нотна тетратка“ може да се заклучи дека Бадев е еден од првите теоретичари којшто има укажано на постоењето на сложени, асиметрични метрички групации во македонската народна музика:

Компонирал главно вокални дела, световни и духовни. Зачувани се само свеската „Упражнения по черковното пение“ и „Златоустова литургия“, печатена во 1898, од која посебно се изделуваат ставовите: „Иже херувими“, „Јако да царја“, „Хвалите Господа с небес“ и „Христос воскресе“. Тоа дело, пишувано под влијанието на руската духовна музика, сведочи за еден талентиран творец, полн со фантазија и за она време голем мајстор на хорскиот слог како и на хармонскиот и полифоничен начин на компонирање.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: