СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

CSS Template

13 талентирани спортисти на средба со градоначалникот на Новаци

110

Тринаесет талентирани спортисти, ученици во ЦОУ „Славко Лумбарковски“ – Новаци ,по повод 4 ти ноември, празникот на Општина Битола, беа гости на градоначалникот на Општина Новаци , Стевче Стевановски за да ги презентираат своите награди и спортски достигнувања кои ги освоија на организираните спортски натпреварувања, во индивидуалните и групните спортски настани,  организирани на меѓуопштинско ниво.

„ Она што го слушнав во разговорот со женскиот фудбалски тим во кој членуваат ученици од шестто до деветто одделение кои освоил второ место, двајца ученици, од осмо и деветто одделение, кои освоиле прво и второ место во атлетика и тројца ученици од осмо одделение кои освоија прво место во пинг понг преставува гордост за Општината. Им честитам на нивните успеси , им посакувам уште многу награди понатаму, а јас им ветувам дека секогаш ќе им стојам на располагање да им помогнам во нивните спортски подвизи.“ рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.

Спортските активности во ЦОУ „ Славко Лумбарковски“ Новаци се организираат под менторство на тројцата наставници по физичко образование: Дивитарот Менде, Александар Митровски и Ристевски Васко.

 

„Голема благодарност до градоначалникот Стевановски и сакам да кажам дека ова досега не се случило во мојот работен век како наставник во ова училиште. Ниту еден градоначалник не ги има повикано учениците  да дојдат во неговиот кабинет за да му ги презентираат наградите и да поразговара со нив за нивните достигнувања и спортски афинитети.“ рече Менде Дивитаров, наставник по физичко образование во во ЦОУ „Славко Лумбарковски“ Новаци.

Во програмата за образвоние на Општина Новаци за 2022 година , на предлог на градоначалникот Стевановски се предвидуваат финансиски средства за ученици кои ќе освојат награди во било која област како и за нивните ментори. На овај начин локалната самоуправа сака да ги стимулира младите ученици да вложуваат во своите афинитети и таленти, со цел да бидат спортски и научни амбасадори на општината.

Facebook Notice for EU! You need to login to view and post FB Comments!
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе