ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ЖЕЛНИ ЗА ФУДБАЛ – УШТЕ ДВАПАТИ ЌЕ СЕ ПОЛНИ СТАДИОНОТ ВО ПРИЛЕП

353

Уште два пати ќе се полни стадионот „Гоце Делечев„ со публика желна за квалитетен фудбал , утре, среда и четвротк.

Имено , утре, среда е натпреварот Победа – Њу старс Скопје, од 25. коло на Младинската супер лига, во која пред два дена шампион стана младинскиот тим на Победа. Според тоа, гледачите ќе можат на дело да ги видат мајсториите на оваа суперталентирана генерација на Победа. Пред почетокот на мечот се очекува свечена церемонија со доделување на шампионскиот пехар од претставник на ФФМ. Мечот почнува во 17,30 часот, а во негова предигра е кадетскиот дуел Победа – Њу старс.

Натпревар на истиот терен има и в четврток. Тоа е финалето од плеј-офот за добивање првак на ОФС Прилеп. Пресметката е помеѓу екипите на Канатларци и Гарван од Десово. Во полуфиналето Канатларци со 6:5 на пенали (регуларно 2:2) го совлада Мукос од Дреновци, а Гарван со 1:0 беше подобар од Влазними јуниор од Пресил. Победникот станува третолигаш. Овој дуел е в четврток во 17 часот.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: