ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

4,8 милиони денари за проекти предложени од граѓаните на Крушево

535

Општина Крушево продолжува да одговара на потребите на граѓаните и покажува високо ниво на соработка и консултација при креирање и реализација на буџетот – ова е заклучокот од денешниот настан „Буџет по мерка“ кој се однесуваше на партиципативното буџетирање, а токму тој начи на буџетирање донесе придобивки за граѓаните на Крушево

Најголемите проекти на општината се проекти кои како приоритет произлегоа од граѓаните, односно од различни видови на консултации. Да споменеме неколку. Реконструкцијата на спортската сала и нејзино опремување беше едно од најголемите барања на младите. Регионалниот пат стопанство – Алданци – Норово беше долгогодишно, ако не и децениско, барање на сограѓаните од овие две населени места. Изградба на резервоари во Борино и во Пресил, изградба на пат до Крушевско Езеро како барање на угостителскиот сектор и организаторите на фестивали.“, рече градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски во своето воведно обраќање.

Според анализата „Бруф за политиките: Партиципативно буџетирање во рурални населени места во општина Крушево“ граѓаните предложиле 101 проекти, а најголем дел од нив се однесуваат на градбата и урбанизмот и комуналните дејности. Оваа година ќе се реализираат 4,8 милиони денари за предложените проекти на граѓаните, а предвидени се 114 милиони денари за капитални инвестиции.

Проектот за партиципативно буџетирање се имплементра од страна на Фајненс тинк во соработка со општина Крушево.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: