ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Slow food пазарче в сабота во Прилеп

174

Локалните производители ќе се презентираат со првите продукти од сезоната на малото „Slow food пазарче“ во организација на Slow food Прилеп, кое ќе се одржи во Прилеп в сабота на 22 ри јуни на платото кај Градскиот саат во Прилеп. Преработувачи на млеко, на пчелни производи, рачни изработки, винарии, домашно произведени сокови, ликери…мармалади, намази од овошје и зеленчук…зачини…

Над 20 локални производители од Прилеп и од цела Македонија ќе се претстават на малото пазарче да потсетат дека квалитетот се создава со љубов и грижа за здравјето.

Пазарчето ќе биде отворено од 10 часот до 15 часот. Убаво е да се посети и да се вкусат единствените производи автентични според поднебјето каде што виреат и се преработуваат, се разбира на традиционален начин.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе