ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

6000 ДЕНАРИ ЗА СЕКОЕ ПРВАЧЕ ВО ОПШТИНА НОВАЦИ

460

Градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски денеска беше заедно со најмалите ученици, првачињата, поздравувајќи ги и посакувајќи им успешен почеток на учебната година.

„На првачињата им посакав да се радуваат на овој ден бидејќи денес започнува една нова фаза од нивниот живот, каде ќе се стекнат со многу знаења и вештини во текот на образовниот процес кој ќе им овозможи да се развиваат и изградат како индивидуи, а со самото тоа ќе си овозможат и подобра иднина бидејќи образованието е чекор кон успехот“ рече Стевановски.

Општина Новаци и оваа година доделува еднократна парична помош на семејствата со прваче во висина од 6.000 денари. Целта на овој проект е да се олеснат трошоците на родителите за новиот ученик во семејството.

„Како градоначалник на Општина Новаци на првата седница на новиот Совет на мој предлог донесовме одлука паричниот надомест за прваче кој се исплаќа во бруто износ од Буџетот на општината, да се зголеми на 6000 денари. Ова е втора година како нашите првачиња добиваат еднократна парична помош со овај износ. Сметаме дека на овој начин ги враќаме парите назад кај граѓаните, овозможуваме пријатен почеток на првата учебна година и подобри услови во образовниот процес за секое дете.“ – рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.

Во ЦОУ „ Славко Лумбарковски “ Новаци во учебната 2022/2023 година се запишаа вкупно 224 ученици.

Родителите на сите првачиња запишани во ЦОУ „Славко Лумбарковски“ Новаци можат да поднесат барање за еднократната парична помош во висина од  6000 денари. Барањето за доделување еднократна парична помош на семејствата со прваче во учебната 2022/2023 година  може да се подигне во општината.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: