ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

8-ми Март – Ден на мудрата и силна жена

836

По повод 8-ми Март, екипата на Радио Пела на сите дами им го честита Денот на жената!

Правата на жените се човечки права! „Ако образовате маж, образовате човек. Ако образовате жена, образовате цела генерација.“ – Бригам Јанг

„Историјатот на одбележувањето на Меѓународниот ден на жената“

Осми март е денот кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. Идејата за посебен ден посветен на жените потекнува од почетокот на 20-от век, а на неа посебно инсистирало социјалистичкото движење.

Првиот Ден на жената е одбележан на 28 февруари 1909 година во САД по иницијатива на Социјалистичката партија на Америка.

Во 1910 под закрила на Втората интернационала во Копенхаген е одржана

На 8 март 1913 година жените ширум Европа одржале мировни собири.

Демонстрации на работничките се оддржувале речиси во сите поголеми европски градови секоја година до 1915 година, а главно барање на тие маршеви било еворпските земји конечно да воведат универзално право на глас.

По победата на болшевиците во Русија, а по иницијатива на Александра Колонтај, 8 март по прв пат е прогласен за државен празник. Советска Русија беше прва држава која  8 март го одбележа со црвени букви на календарот во 1917 година, а неработен ден стана во 1965 година.

Историјатот на одбележувањето на Меѓународниот ден на жената е поврзан со името на Клара Цеткин (1857– 1933).

Родена на 5-ти јули 1857 г. во Видерау, Клара Цеткин дипломира на Женскиот колеџ за учители во Лајпциг. Уште за време на нејзините студии активно учествува во тогашното социјалистичко движење во Германија.

Поради своите активности принудена е да ја напушти Германија. Во 80-те години на XIX век, заедно со својот сопруг, рускиот комунист Осип Цеткин, живеат во Швајцарија, а потоа се преселуваат во Париз.

Во 1889 г. Клара Цеткин учествува на основачкото собрание на Втората Социјалистичка Интернационала, а веднаш потоа се враќа во Германија.

 

Клара Цеткин

Во периодот од 1892 г. до 1917 г. живее и работи во Штудгарт каде го издава весникот Еднаквост.

Таа е една од основачите на Меѓународниот социјалистички женски конгрес чие основање се датира во 1907 година.

Три години подоцна, во 1910 г. на Конгресот на Меѓународната конференција на жената одржан во Копенхаген, на предлог на Клара Цеткин, донесена е одлука за прогласување на Меѓународен ден на жената, без притоа да се прецизира неговиот датум.

Симболиката на овој празник требало да биде актуелизирање на барањата за подобрување на условите за работа на жените и квалитативно подобрување на нивниот социјално – политички статус во општеството.

Веќе наредната 1911 г. празникот на жената е одбележан на 19-ти март, а дури по револуцијата во Русија и победата на болшевиците, како Ден на жената е прогласен 8-ми март, датум на кој во 1917 година жените во Москва одржале големи антивоени демонстрации.

Што се однесува до понатамошната улога на Клара Цеткин во комунистичкото движење во Германија, нејзината активност била насочена во правец на подобрување на статусот на жените.

По започнувањето на Првата светска војна, Клара Цеткин активно учествува во антивоеното движење.

Таа во 1915 г. во Берн учествува во организирањето на Меѓународната женска конференција против Првата светска војна, а во 1916 г. е еден од основачите на Спарташката лига. На конгресот одржан од 30-ти декември 1918 до 1-ви јануари 1919 г. било решено Спарташката лига да прерасне во Комунистичка партија на Германија. Истата 1919 г. Клара Цеткин била избрана за член на ЦК на КП на               Германија.

Во 1921 г. Клара Цеткин е избрана за член на Президиумот на Третата Интернационала. Тоа е една од причините да се пресели во Москва каде важела за близок соработник на Ленин.

Меѓутоа, по неговата смрт во 1924 г. и доаѓањето на Сталин на чело на СССР, влијанието на Клара Цеткин во Интернационалата и воопшто во женското работничко движење, постепено почнало да опаѓа.

Клара Цеткин умира на 20 јуни 1933 г. во градот Архангелск, СССР.

 

Options : History : Feedback : Donate Close
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: