ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

„Ајде да играме“ – иницијатива за подобра социјализација на најмладите

516

„Ајде да играме“ e иницијативата преку која млади ентузијасти од Крушево, Локален младински совет Крушево со поддршка на локалната самоуправа сакаат повторно да го вратат детскиот џагор во Крушево и на неколку часа да ги тргнат најмладите од компјутерите и телефоните.

„ Ајде да играме“ е иницијатива на неколку млади ентузијасти кои сакаат повторно да го слушнат детскиот џагор низ сокаците на Крушево. Идејата е барем на неколку часа да ги оттргнеме децата од компјутерите и мобилните и да ги изнесеме на маалска дружба.

Во текот на неделата ќе им ги демонстрираме игрите од нашето детство како „Суљо“, „Народна“, „Силна војска“, но и умствените игри како „Брза географија“, „Бесилка и слично. Покрај тоа имаме вклучено и посета на два музеи, Македониум и галеријата Никола Мартиноски со цел запознавање на културата и историјата на градот.

Се надеваме дека со оваа иницијатива не само што ќе им го пополниме слободното време, туку ќе ја зголемиме и нивната физичка активност и ќе придонесеме за нивната социјализација како еден од клучните фактори во нивниот развој, вели Теано Кардула која заедно со Панче Гелевски и Локалниот младински совет ја отпочнаа оваа активност.

Првиот ден од иницијативата се одржа вчера, а истата продолжува денеска од 17 часот на „Гумење“ и ќе продолжи се до крајот на неделата, до почетокот на школската година. Настанот е отворен за сите и општина Крушево ги поканува родителите со нивните деца и млади да се приклучат на иницијативата.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: