CSS Template

Како би се финансирале спортските клубови?!

356
Avtokontrol1

Наместо да го платат данокот на добивка, компаниите ќе  можат да донирааа дел од тие средства на спортски клубови, („даночниот обврзник има право на намалување на данокот на добивка за целиот износ на донираните средства, но максиимум до процентот пропишан со законо“ -УЈП ). Дониањео ќе биде по желба, каде каде и на кого, компанијата ќе одлучи да даде парите, “дали  во индивидуални или групни спортови“, беше кажано на денешната средба на преставниците на спортските клубови во Прилеп и со директорот на ЈУП  Сања Лукаревска, на која присуствуваат само неколку прреставници од прилепските компании.

Зошто компаниите треба да финсираат во спортот?Кој би бил нивниот интрес? Директорката на УЈП, Лукаревска, рече дека бизнис секторот мора да биде во тесна врска со спортот. Таа потенцира : „Затоа што треба да си помагаме меѓусебно. Спортот ни е главен амбасадор и во европски и во светски рамки. Спортистите треба да ги негуваме и да им помагаме. Сепак бизнис заедницата сметам дека треба да бидие во тесна корелација со спортот и со спортските работници и тоа да се развува и понатаму. Ако си ја сакаме државата ќе мора да помагаме и во спортот и во културата и во сите други јавни дејности“

Раководителот на секторот за услуги на даночни обврзници и даноци во Генералната дирекција на УЈП, Мухедин Авдиќ на презентацијата на Законот за спорт објасни: „Во суштина донираните средства се ослободуваат на тој начин што даночниот обврзник има право на намалување на данокот на добивка за целиот износ на донираните средства но максиимум до процентот пропишан со законот. Тоа значи дека ако даночниот обврзник има висока добивка може да ги искористи и 100 % донираните средства, односно на ииндиректен начин, наместо да го плаќа данокот на добивка во буџетот може да го донира во спортот.“ рече  Авдиќ

Градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски истакна дека со ова компаниите ништо нема да загубат, туку ќе покажат желба да им помогнат на спортските клубови.

“Што се однесува до финансирањето на спортот со општински средства, станува збор за огромни средства кои Општината треба да ги издвои за да ги задоволи потребите на клубовите и спортистите. Оваа година финансирањето го направивме во рамките на нашите можности, а за следната година тој финансиски дел двојно ќе го зголемиме“, изјави Јованоски.

 

 

 


semm
Farma Dolneni
Penata
Vivafarm