ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Акциска контрола во Прилеп, кај едно лице пронајдена дрога, 24 санкционирани возачи

725
Во текот на изминатата вечер (24/25.07.2022), патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, Единицата за брзо распоредување, Посебната единица за поддршка, Единицата за интервентна полиција и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп биле спроведени контроли на лица и патнички возила на подрачјето на Прилеп.
За време на контролите едно лице е лишено од слобода, бидејќи кај него е пронајдена бела тврда материја и против него ќе биде поднесена пријава по чл.215 од Кривичниот законик. Во периодот од 21.00 до 04.00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе засилена акциска контрола на територијата на град Прилеп за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 24 возачи, од кои 23 возачи се исклучени од сообраќај. Од нив, 8 возачи управувале возила под дејство на алкохол, 15 управувале возило без важечка возачка дозвола, а констатиран и законски санкциониран е и еден прекршок од такси превозник кој не поседувал комплетна документација. Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: