ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

АПЕЛ ЗА ПОМОШ- ДА ЈА ПОКАЖЕМЕ НАШАТА ХУМАНОСТ !

604
На социјалните мрежи започна да се споделува апелот за помош на четирите семејства чии што домови во целост изгореа од пожарот, предизвикан од удар од гром ноќеска на улица Кузман Шапкарев во Прилеп. Сите хумани луѓе во ова тешко време да помогнеме за семејствата да ги обезбедат барем основните услови за живот.  Отворена е заедничка жиро сметка за сите 4 семејства. Ова е апелот на Ивана Ѓорѓиеска која е дел од семејствата соочени со големата несреќа:

 

Добар ден драги мои луѓе. Денес се обраќам до вас со барање за помош, се разбира кој колку може. Во доцните утрински часови во Прилеп се случи невидена трагедија. Од удар на гром изгореа четири куќи, меѓу кои и куќата на мои драги пријатели. Штетата е голема и помошта од сите нас е повеќе од добредојдена.
Ве молам уште еднаш да ја покажеме нашата хуманост и да им помогнеме и обезбедиме барем основи услови за нормален живот на оштетените 4 фамилии. Отворена е заедничка денарска сметка за донации за сите четири опожарени куќи
Сметка: 300027118023674
Носител: Марина Илиеска
Банка: Комерцијална Банка АД Скопје
Шифра: 562
Цел на дознака: уплата за донации
За дополнителни и детални информации можете да ја контактирате и Ивана Ѓорѓиеска во порака
Од срце Ви благодарам на сите

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: