ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Атрактивноста на дефицитарните струки во СОУ „Наум Наумоски Борче“ Крушево препознати од новите средношколци

1.006

Деветтоодделенците водени од својот избор за идната професија, во рамките на вториот ден за пријавување за упис во средните училишта со голем интерес го посетуваа и денеска СОУ „Наум Наумовски Борче“ Крушево. Дефицитот од струките кои ги опфаќа овој средношкоски центар беа пресудни за изборот на идните средношколци, вели Снежана Миленкоска, директор на СОУ  „Наум Наумовски Борче“ Крушево. Препознатлив по угостителско – туристичката струга овој средношколски центар нуди четиригодишно и тригодишно образование во УГОСТИТЕЛСКО-ТУРИСТИЧКА СТРУКА :

Хотелско-туристички /УГОСТИТЕЛСКИ -ТЕХНИЧАР , со 4 годишно образование и ГОТВАЧ /СЛАТКАР/КЕЛНЕР 3 годишно образование, како  и

ГИМНАЗИСКО ОБРАЗОВАНИЕ 4 годишно образование:

– Природно математичко подрачје – комбинација А
– Природно математичко подрачје – комбинација Б
– Општествено-хуманистичко подрачје – комбинација А
– Општествено-хуманистичко подрачје – комбинација Б
– Јазично-уметничко подрачје – комбинација А
– Јазично-уметничко подрачје – комбинација Б

Како се одвиваат уписите за кои учениците и родителите годинава аплицираат електронски?

– Во однос на уписите ова се денови, вчера и денеска, за електронското аплицирање на учениците. За интересот можам да речам дека е солиден, меѓутоа, врз основа на телефонските јавувања од ученици и нивните родители во однос на одредени непознаници во однос на електронското аплицирање. Инаку, имаме и ученици кои што не се во ситуација електронски да аплицираат, па бараат помош од нас и доаѓаат во училиштето. Како што ни беше укажано на обуките ние сме тука да им помогнеме, им ја пружаме нашата помош. Сами можеме да увидиме дека како новина наидуваме на проблеми при електронските уписи. Меѓутоа, лека полека работите се средуваат. Во однос на увидот колку се пријавиле во нашето училиште сеуште немаме информација затоа што веројатно претпоставуваме дека системот треба да ги обработи податоците, за да може ние да имаме увид.

Со оглед на тоа што имате атрактивна понуда од струки од областа на угостителството, мошне барани во овој период на пазарот на трудот, каква е заинтересираноста споредбено со минатата година?

– Заинтересираност има, но треба да почекаме на крајниот резултат. Особено голем интерес има за струката од дуалното образование, дуалната паралелка каде посебно доаѓа до израз желбата на учениците за продолжување на нивниото образование.

Да потсетиме дека денеска до 15 часот завршува електронското аплицирање. На 16 ти јуни најдоцна до 9 часот ќе биде истакната прелиминарната ранг листа врз основа на електронските апликации. Истиот ден на 16 ти јуни од 12 часот до вечерта до 19 часот и наредниот ден 17 ти, учениците треба да ги носат документите истите оние кои ги прикачиле на системот за електронско пријавување и со кои аплицирале. Конечна ранг листа ќе биде објавена на 18 јуни, најдоцна до 12 часот на огласната табла на училиштето и на веб страната на Министерството за образование и наука.

Второто електронско  пријавување ќе биде на 21 и на 22 јуни заклучно со 15 часот. Веднаш наредниот ден повторно најдоцна до 9 часот ќе се објави прелиминарната листа, а следниот ден 23 и 24 јуни ќе се доставуваат документите со кои учениците аплицирале. Конечната ранг листа ќе биде позната на 25 ти јуни.

Третото пријавување е на 28 ми јуни до 24 часот. За ова пријавување, прелиминарната листа ќе биде објавена на 29 ти јуни најдоцна до 9 часот на веб страната на МОН, а доставувањето на документите ќе биде на 29 ти јуни од 10 до 19 часот. Конечната листа ќе биде објавена на 30 јуни најдоцна до 12 часот.  Да напоменеме дека учениците кои нема да се најдат на конечната листа, треба да дојдат во училиштето и да си ги подигнат документите, фактички тоа е една изјава која што ја пополнуваат при самото електронско аплицирање, вели Младеноска и посочува дека наставниот кадар подготвено ќе ги дочекаат учениците и нивните родители во текот на уписните рокови.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: