ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

„БЕЛЕГ НА ВРЕМЕТО“ – вечерва, самостојна изложба на Павлина Илијеска

339

Ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп вечерва, 4 јули, од 19 часот е домаќин на изложбата на дела од прилепската уметница Павлина Илијеска. „Со компонирањето на колоритни пејзажи и импресивни градски ведути, самоуката уметница/аматер Павлина Илијеска создава обемен сликарски опус
со мотиви инспирирани од родниот град Прилеп. Сликајќи ги грандиозните споменици со кои се одликува градот под Марковите Кули, таа креира културен
континиум на историските текови кои оставиле карактеристични белези во минатото и кои на неповторлив и единствен начин ја обликуваат сегашноста.
Сигурна во својата интуиција, таа храбро и достоинствено чекори во светот на ликовната уметност. За прв пат во новиот циклус на уметнички дела користи
монументални платна. Со минуциозното и пиктурално сликање на најситните детали во пејзажите и градската архитектура, уметницата настојува целосно да
ја исполни белата површина. Издвојувајќи сè со – калиграфски сликарски ракопис, лирски сензибилитет и вибрантни боени ноти, автентичното
уметничко творештво на Илијеска прераснува во културен ансамбл кој сведочи за историската и духовната вредност на градот, ќе рече Викторија Димеска, историчар на уметност кон изложбата.

Интуицијата во творењето е движечката сила на Илијеска вели Звонко Димоски која што мошне успешно се справува  и ги пренесува чувствата преку своите дела.

“Не само поради создадените дела, туку и поради бројните интензивни разговори за уметноста и за секојдневието кое нѐ опкружува, љубам да кажам дека Павлина Илијеска е пред сѐ човек којшто има неверојатна интуиција, што води кон мојот следен заклучок дека е авторка која ја изложува душата и нејзините пориви. И тие радосните, и тие страшните, или пак, тие тажните. Интуицијата која умешно ја пренесува и на платната со кои денес сме опкружени, без разлика на чувството кое во моментов како гледачи нѐ обзема, е следена од една заедничка карактеристика кој во уметноста често не ја забележуваме, бидејќи премногу сме фокусирани на доживувањето на насликанато, посебено ако ни изгледа познато, а помалку на неговата позадинска интерперетација. Таа заедничка карактеристика во делата на Илијеска е слободата, односно нејзиното интуитивно пројавување, без разлика дали сликарката ни претставува така наречени патриотски мотиви, или го допира егзистенцијалниот бит на единката. Занимавајќи се со единката, Илијеска вешто продира и се судира со стравот, неспокојот и потрагата по начините за повторно народување… “, вели меѓудругото во својот текст кон изложбата Звонко Димоски.

Уметницата Павлина Илијеска е родена во Прилеп, 1949 година. Образованието го завршила во родниот град. Интензивно почнува да слика на свои 57 години, во 2006 година. Нејзиниот опус до 2015 година брои над 146 сликарски платна со претстави на  градски ведути и пејзажи, изработени во акрилна техника.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: