ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Без дилема, утре почнува учебната година

430

Како што беше најавено денеска, СОНК остана на ставот за најавениот штрајк на првиот училишен ден. Наставниците и професорите-членови на СОНК и оние кои сакаа да му се придружат на штрајкот, а не се дел од членството на Синдикатот, денеска беа во училиштата, но во засебна просторија, без да ги извршуваат обрските и да примаат ученици.
Екипата на Радио Пела беше присутна во Основното училиште „Блаже Конески“ во Прилеп каде беше одржана кратка свеченост, за добредојде на учениците на првиот училишен ден. Во некои од училиштата децата беа примени во училишниот двор, а на сите им беше кажано дека учебната година започнува утре.

Од регионалниот одбор на СОНК со фејсбук статус на Златко Думбалоски претседател на СОНК-Прилеп сооштија дека предупредувачкиот штрајк во бил успешен.
Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) организираше предупредувачки штрајк во сите основни и средни училишта бидејќи не беше постигнат договор со Министерството за образование и наука, за покачување на платите на наставниците од 25 проценти.
СОНК овој месец ќе очекува преговори со МОН за да најдат заемно прифатливо решение, но доколку тоа не се случи ќе се организира генерален штрајк.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: