ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Без младите нема бизнис во државата, а политиката да се тргне од бизнисот

Крушево-Конференција на тема„Младите како фактор на лидерство за одржлив економски развој на Македонија“

564

Со идните економисти, студените на економските факултети од земјава,во Крушево , дебатираат бизнисмени, професори и истакнати јавни личности. Констатацијата е – без младите нема бизнис, особено во развојот на бизнисот, да се ценат нивните идеи,  слободата во креативноста и да се вреднува нивниот труд,за  да се запре одливот на млади едуцирани кадри од земјава.

Судентите по економија од земјава нагласуваат дека им се потребни подобри услови за да останат дома: поголеми плати, можност да ги покажат знаењето и креативноста, и да бидат ценети, што досега не е случај.

Според Ирена Јакимоска, стопанственик на компанија Комф и Ангел, битно е да им се даде слобода на младите да се докажат, а политиката да се тргне настрана.

 

 

“Стопанствениците сега се соочуваат со недостиг од млади, едуцирани кадри кои ќе придонесат во развојот на компаниите и на општеството. како да се задржат младите? Прво е потребна соодветна плата и награда за нивниот труд, потоа да им се дадат можности за нивен индивидуален развој, да ја покажат својата креативност смета бизнисменот Абдулезел Догани.

За професорот од Економскиот факултет од Скопје Игор Ивановски пресудно е образованието, а стабилизирањето на економијата е врз база на знаење и иновации.

Според Виктор Блажевски, претседател на студентскиот парламент целта е да се покаже дека многу е битно младите да стекнуваат самодоверба и да го покажат својот потенцијал.

Под наслов „Младите како фактор на лидерство за одржлив економски развој на Македонија“ во Крушево од 9 до 11 март се одржува тридневна конференција на идните економисти во организација на Студентскиот парламент при Економскиот факултет во Скопје. Ова е втора по ред Конференција што ја организира Стуентскиот парламент при Економскиот факултет од Скопје.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: