ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

БК АС : Професионализам , позитивна атмосфера , успеси.. – Прилеп не треба да се грижи за иднината во овој спорт (ВИДЕО + ФОТО)

БК АС - лидер во македонската младинска боксерска лига

647

” Крушата под круша паѓа “ , и  не сме далеку од оваа народна поговорка и во прилепскиот бокс.Матеј Чатлески по стапките на својот татко Дарко Чатлески.Со многу желба, мотив за работа и надоградување во овој адреналински спорт кој бара голема ангажираност и посветеност и во рингот но и за време на тренажниот процес. И двајцата ни гостуваа во нашата отворена програма РАДИО ШТО СЕ ГЛЕДА  и во супер разговор не пропуштија да ни ги доловат сите убавини на боксот. Во моментов  боксерскиот клуб АС од Прилеп е на лидерската позиција во македонската младинска боксерска лига.

Оваа генерација со која сега работиме е нова и јас како ментор сум задоволен но треба да се знае дека во боксот треба трпение за да исплива талентот и упорнноста на површина , вели Чатлески кој со своите членови неделно работи тренинзи кои се разликуваат еден со друг но го задржуваат боксерскиот интензитет и професионалност.

Инаку во боксерскиот клуб АС  членуваат голем број на млади боксери кои се распределени во неколку групи и во супер модерни услови ги осознаваат тајните на овој спорта и она што е најважно имаат каде да го покажат својот квалитет но и талентот за кој макотрпно и тренираат во текот на неделата.Матеј е еден од нив кој за нашиот медиум , за време на разговорот ни ги покажа и своите медали освоени од натпреварите каде стекнува искуство во аматерскиот бокс.

Тимот на прилепскиот боксерски клуб АС и понатаму продолжува да работи а во исто време и спортски да ги едуцира младите прилепчани , кој знае можеби во иднина ќе посведочиме и на некоја титула и во професионалниот бокс , тоа можете да го дознаете и во разговорот кој во целост можете да го погледнете во видеото подолу.

 

 

Активностите се дел од проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови, мислења и содржини на овие активности не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот #CHinMK

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе