ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Благодарница за Радио Пела од Општина Новаци

857

Радио Пела  и порталот radioplea.mk, и покрај своето неколку месечно постоење на македонскиот медиумски простор, иако најмлад медиум, за својот професионелен ангажман, објективно и навремено информирање за настаните и случувањата во Општина Новаци, од пелагонискиот регионт, (бидјеќи ПЕЛАГОНИЈА НА ДЛАНКА е и самото мото на радиото) доби БЛАГОДАРНИЦА од  Општина Новаци, по повод пославата на 22-ве годишнината од формирањето на Општина Новаци. Наградата  ја  додели градоначалникот на Општина Новаци, Љубе Кузманоски кој ја истакна благодарноста за интересот на медиумот за општинските случувања и најави продолжување на соработката со Радио .

Ова претставуа посебна чест и гордост за нашата медиумска куќа, која во постоењето од само три месеци, ја доби довербата и поддршката кај слушателите и читетелите, со својот стил на пренесување на информациите во ауди и пишана форма, со богатството од музички и информативни содржини,со објктивно информирање на својот портал и контакти со слушателите .

Во ова прилика, екипата на Радио Пела ја искажува својата благодарност до Општина Новаци за укажаната чести и доберба. Медиумот ќе продолжи да работи во насоката која ја има зацртено,да стане „најгласното “ радио за правата на граѓаните и за објективното информирање во пелгонискиот регион,бидјеќи целта е обработка на теми кои се од витално значење за жителите од Пелагонискиот регион, земјоделци, стопанственици, спортисите, културните работници, како и објективно и навремено информирање на оние кои не следат!

Радио Пела

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: