ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Бронзен медал за Теа Настоска од ЏК Сеишин на Балканското првенство во џудо во Турција

262

Теа Настоска го освои бронзен медал Балканското првенство во џудо во Коџаели, Турција. Настоска медалот го освои категоријата до 40 кг.

„Репрезентативката Настоска од ЏК  Сеишин демонстрира одлично џудо и упсесите кои ги нижеше во континуитет ги круниса со балканска бронза, што е прв медал и за ЏФСМ оваа година од поголемите меѓународни настани оваа година“, вели селекторот Дејан Мицкоски, кој, воедно, е нејзин клупски тренер.

Дејан Мицкоски е задоволен од постигнатиот успех, потенцирајќи дека оваа е само почеток, со оглед на тоа дека Теа е прва година кадетка и пред неа  претстојат уште многу натпревари, кампови и подготовки.

Останатите наши репрезентативци не освоија медали. Теона Настоска -44 кг (5 то место)  и Георгиј Магдески -66 кг (9 то место) прикажале одлични борби и биел на чекор до борби за медал.

На првиот ден БП така настап имаа и Игнат Петров во категоријата -55 кг, кој загуби првата борба и немаше поправна репесажна борба. Додека, пак, Ива Богдановска (-52 кг) исто така загуби две борби и не се пласира понатаму.

За утре останува уште настапот на Лилјана Недановска (-63 кг). Која во првото коло се среќава со репрезнтатовката на Албанија.

Преземено од: Ipon.mk
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: