ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Бунтеска: Прилеп со новата локална власт со сигурност го враќа стариот препознатлив сјај!

914

„Во наредниот период кој следи, ќе обзнаниме детали од 4 годишното владеење на минатата локална власт, кои се поврзани со партиски вработувања и индиции за криминал, со кои ќе треба да се позанимаваат органите на прогон,“ посочи меѓу другото Маја Бунтеска од ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп, на прес конференција како реакција на  ОО на СДСМ Прилеп во врска со работата на градоначалникот Борче Јовчески и ЛС Прилеп. Ја пренесуваме во целост:

„Ароганцијата и безидејноста на СДСМ продолжува. Очигледно не ја научија лекцијата од народот од минатите локални избори на кои загубија со преку 7500 гласа разлика, па така во недостиг на идеи, продолжуваат со држење на некакви неиздржани прес конференции со кои ја замајуваат јавноста. За потсетување, истиот тој Зоран Пачешкоски цели 4 години молчеше за неработењето на минатата локална власт предводена од СДСМ на чело со Илија Јованоски, додека Прилеп кој важеше за еден од најубавите градови во Македонија, се распаѓаше по сите страни. Кога веќе Пачешкоски милува низ пресконференции да споменува министерство за внатрешни работи или обвинителство, повторно го повикуваме да одржи прес конференција пред ОЈО Прилеп и да праша до каде е постапката поврзана со договорот за донација на Мерцедес кој никогаш не беше предаден на Општината, што се случува со набавката на четирите автобуси за речиси 1 милион евра, со постапката за оштетувањето на општински имот односно училиштето во Сточен Пазар, за Конкурсот и изборот на идејно решение за новиот театар? Пачешкоски нека ги повика институциите да испитаат каде завршија 5-те милиони евра кои како долг ги наследи новата локална власт? Пачешкоски и нека постави прашање до МВР, кога Прилеп веќе месец дена е од полициска опсада, која поголема акција е преземена за сузбивање на сериозниот криминал, а се поврзува со лица блиски до централната власт?

После смена на централната власт која во заложништво ги држи сите иституции вклучително и правосудните органи, следува процесирање на сите криминали за кои дел од нив јавноста е веќе запознаена, а за дел допрва и ќе слушне. Прилеп со новата локална власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Борче Јовчески и во услови на светска економска криза, со огромен наследен долг, со сигурност го враќа стариот препознатлив сјај. Почитувани, во наредниот период кој следи, ќе обзнаниме детали од 4 годишното владеење на минатата локална власт, кои се поврзани со партиски вработувања и индиции за криминал, со кои ќе треба да се позанимаваат органите на прогон. Следуваат низа прес конференции кои ќе потврдат зошто СДСМ во Прилеп изгуби со разлика од преку 7500 гласа, посочи Бунтеска.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: